Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

АмЧам бара одложување на прогресивното оданочување

0
Американската стопанска комора (АмЧам) смета дека не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход и реагира на "непочитување на процесот на јавна консултација од страна на Владата и Министерството за Финансии во однос на Предлог-Законот за личен доход објавен на 3 ноември преку Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) без притоа да се испочитува рокот за забелешки и коментари што завршува денеска".


“Сметаме дека со оваа постапка Владата ја продолжува штетната пракса на користење скратена постапка при носење на важни закони кои имаат огромно влијание врз економијата во Македонија, нешто што беше одлика на минатата гарнитура, без притоа да се почитува јавното мислење и ставовите на бизнис заедницата”, наведуваат во соопштение од Американската стопанска комора.


Американската стопанска комора смета дека прогресивното оданочување нема да го постигне посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, а ќе доведе до намалување на продуктивноста, вработливоста, и развојот на висококвалификувани кадри. Сметаат дека предложениот закон ќе ја намали даночната послушност и ќе ја зголеми сивата економија, при тоа ќе доведе до зголемена даночна евазија, отежнато прибирање на даноците, и зголемување на трошоците и комплексноста на прибирање даноци. 


“АмЧам како и останатите бизнис асоцијации смета дека ова не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход, особено не со предложениот Закон кој е во собраниска процедура и не на начинот на кој се форсира предлог законот со користење скратена постапка. Поради тоа бараме одложување на реформата за прогесивното одданочување, отварање широка јавна дискусија и дебата, како и вклучување на експертизата на претставници од бизнис секторот во рамки на работните групи при подготовка на сеопфатна даночна стратегија и реформа што во исто време ќе придонесе кон зголемување на бројот на даночните обврзници, подобрено собирање на даноците, правична распределба на средствата и зголемена социјална еднаквост без негативно да влијае врз севкупната економија и нејзиниот раст”, наведуваат во соопштението.






Губернаторы России





Губернаторы России
103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России