Грчката полиција уапсила 60 луѓе за шверц на злато
Полицијата во Грција објави дека уапсила над 60 луѓе од две банди за шверц на злато собрано во многубројните откупни продавници чиј број се зголеми поради тешката финансиска криза. Во текот на апсењето полицијата запленила злато и драгоцени камења во вредност од над 2 милиона долари. Осомничените, наводно, златото го извезувале во Турција каде што го топеле и преобликувале. Тоа го правеле користејќи туристички автобуси за Истанбул и избегнувајќи да плаќаат данок во двете земји.