Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар кај Атина
![Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар кај Атина](https://gdb.rferl.org/0F511257-630A-4E68-BA19-E3F342097213_w800_h450.jpg)
Со навремена интервенција на грчката противпожарна служба биле спасени осум лица, меѓу кои едно дете, од пожарот што избил кусо по полноќ во прифатниот центар за бегалци и мигранти во Лаврио, во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Мигрантите превентивно биле пренесени в болница и сите се наоѓаат во добра здравствена состојба. Причината за пожарот што избил во една од собите сè уште е непозната, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со две возила, јави дописничката на МИА од Атина.