Дежурни пунктови за деца во три поликлиники во Скопје
![Дежурни пунктови за деца во три поликлиники во Скопје](https://gdb.rferl.org/09E29C95-760B-4E21-89C5-98FC2DA45CE7_w800_h450.jpg)
Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.
Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораториите ќе работат од 8 до 23:30 часот.
Службата за Итна медицинска помош (ИПМ) со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје за време на новогодишните празници ќе работи 24 часа.
Со секојдневното работно време ќе функционира и Единицата за домашна посета.