Бебе спасено од урната зграда во Русија
Руските спасувачи пронашле живо 11 месечно бебе под урнатите на станбената зграда која се урна по експлозија на плин во рускиот град Магнитогорск. Бебето било пронајдено по 35 часа од несреќата во услови на температури под нулата.
Најмалку осум луѓе загинаа, а десетици сè уште се под урнатините. Урнати се 26 станови во кои имало 46 жители. Магнитогорск се наоѓа на 1700 километри југоисточно од Москва.