Иванов - Очекуваме годинава да станеме членка на НАТО
Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево.
Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор.
Иванов преку линк разговараше и со војниците, кои во моментот, се во мировни мисии во странство.
„Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО“, рече претседателот Иванов.