Тачи: 2019 година на конечен договор меѓу Косово и Србија
![Тачи: 2019 година на конечен договор меѓу Косово и Србија](https://gdb.rferl.org/565E7E99-8D5F-4B14-B9B3-0F9B404AA9CC_w800_h450.jpg)
Косовскиот претседател Хашим Тачи честитајќи им ја Новата година на граѓаните порача дека 2019 ќе биде година на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Додека 2018 беше година на Војската на Косово, годинава која штотуку започна ќе биде година на отворање на границата меѓу Косово и Албанија и на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија“, напиша косовскиот претседател на Фејсбук.