Автомобил влета во луѓе во Германија – четворица повредени
![Автомобил влета во луѓе во Германија – четворица повредени](https://gdb.rferl.org/7051E8A9-6DD7-4328-A2E7-E781FFF18612_w800_h450.jpg)
Четири лица ноќеска биле повредени во градот Ботроп во централниот дел на Германија, кога возач намерно влетал во насобраните луѓе, а според првичните информации, мета на нападот биле странци, информира германската полиција. Локалната полиција соопшти дека 50-годишен маж со Мерцедес намерно влетал во луѓето нешто по полноќ. Возачот удрил во еден Сириец и Авганистанци.
Полицијата брзо го фатила возачот, чиј идентитет не се соопштува.
Локалните власти соопштија дека за време на апсењето возачот имал негативни коментари на сметка на странците. Полицијата додаде дека напаѓачот бил психички пореметен.