Новогодишен подарок за еден Британец – 115 милиони фунти на лотарија
Еден Британец на лотарија освои џекпот од 115 милиони фунти, пренесува денеска Би би си. На националната лотарија во Велика Британија, човекот освоил точно 114.969.775,70 фунти.
Извлекувањето на добитниците на лотаријата „Евромилиони“ беше организирано вчера, на првиот ден од 2019 година.
Националната лотарија соопшти дека ова е четврта по големина освоена сума во историјата на Велика Британија.
Лотаријата Евромилиони се игра во девет земји – Велика Британија, Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и во Швајцарија.