Русија обвини поранешен маринец на САД за шпионажа
Русија обвини пензиониран емерикански маринец уапсен во Москва за шпионажа, изјави неговиот адвокат.
Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) на 31 декември соопшти дека го уапсила Пол Вилен кој, како што беше наведено, е фатен со црвени раце спроведувајќи чин на шпионажа. ФСБ не го откри карактерот на неговите шпионски активности.
Адвокатот на одбраната Владимир Жеребенков денеска изјави дека побарал Вилен да биде ослободен со кауција, во очекување на почетокот на судењето.
Жеребенков рече дека 48-годишниот „се однесувал конструктивно“ и оти истражителите го третирале на „хуман и професионален начин.“
Вилен, кој ги негираеше обвиненијата, може да се соочи со 20 години казна затвор доколку биде прогласен за виновен.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 2 јануари изјави дека САД бараат објаснување зошто Русија го уапсила Вилен за обвиненија за шпионажа и оти ќе побараат негово итно враќање доколку се утврди дека неговото притворање е несоодветно.