Најмалку 11 полицајци се убиени во талибански напади во Авганистан
![Најмалку 11 полицајци се убиени во талибански напади во Авганистан](https://gdb.rferl.org/B3EC8295-D926-430C-9963-7848270AAE70_w800_h450.jpg)
Авганистанските власти соопштија дека најмалку 11 полицајци се убиени откако талибански милитанти нападнале два контролни пунктови на северот на земјата.
Нападите се случија доцна на 2 јануари на периферијата на Пул е-Кумри – главниот град на провинцијата Бахлан.
Гувернерот на Бахлан, Абдулхај Немати, изјави дека два контролни пунктови биле уништени во долготрајни судири, кои траеле до раните часови на 3 јануари.
Во нападите исто така се повредени двајца други полицајци, изјави шефот на провинцискиот Совет, Сафдар Мосени.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
Талибанците контролираат или оспоруваат речиси половина од Авганистан, каде што се води смртоносен бунт против Владата во Кабул која е поддржана од Западот и владините безбедносни сили.
Нападите се случија и покрај извештаите за можното повлекување на околу 14 илјади американски војници во Авганистан, кои моментално ги водат напорите на НАТО за обука и советување на локалните сили.