Денеска вакцинирани 488 деца со МРП вакцина
![Денеска вакцинирани 488 деца со МРП вакцина](https://gdb.rferl.org/CC8528E1-0247-4641-BB0B-9C4DDDAB44E2_w800_h450.jpg)
Министерство за здравство информира дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина. Оттаму апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19:00 часот, се наведува во соопштението од Министерството.
Оттаму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје.