Температури под нулата, студеното време продолжува
Утрово во Македонија се измерени температури под нулата и врнежи од снег. Најстудено било во Лазарополе, а најмногу снег има во Маврови Анови. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од минус пет до еден степен.
Во Скопје максималната температура до нула степени.
И во наредните денови под влијание на многу студена воздушна маса ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.
Утре ќе има повремен слаб снег, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.