Шпанија спаси 549 мигранти
Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека спасила 549 мигранти кои се обидувале да го преминат Средоземното Море. Се наведува дека припадниците на службата вчера пресретнале шест помали бродови со вкупно 350 мигранти источно од Гибралтарскиот Теснец. Денеска, пак, од пет бродови биле извлечени 199 мигранти, а во еден од бродовите имало четири деца.
Агенцијата за бегалци на ОН проценува дека во 2018 година, во обид да го преминат Средоземното Море, загинале 2.262 мигранти.