Разговори во Берлин за скандалот со хакирањето политичари
Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер најави за денеска во Берлин разговори со одговорните за информациска безбедност по повод хакерскиот напад врз стотици германски политичари и познати личности, чии лични податоци беа објавени на интернет. Меѓу хакираните била и германската канцеларка Ангела Меркел. Огромното количество податоци е поврзано со нивната приватна кореспонденција.