Талибанците убиле 21 припадници на авганистанските сили
![Талибанците убиле 21 припадници на авганистанските сили](https://gdb.rferl.org/A5BFADC5-2282-4D3B-B2A1-F1B3C96A05C6_w800_h450.png)
Талибанските милитанти нападнаа позиции на авганистанските безбедносни сили на западот на земја, при што убија 21 полицајци и припадници на провладините милиции, а деветмина биле ранети, соопштија денеска властите.
Нападите врз контролните пунктови се случиле синоќа во два различни дела на провинцијата Бадгис во близина на границата со Туркменистан.
Властите велат дека во судирите биле убиени најмалку 15 талибанци, а 10 биле ранети.
Портпаролот на талибанците изјави дека убиле 34 авганистански војници и полицајци и заплениле големо количество оружје и муниција.