Протест против уставните измени пред Собранието
![Протест против уставните измени пред Собранието](https://gdb.rferl.org/1247C798-0640-405D-8720-0AF45DC4AD0E_cx0_cy17_cw0_w800_h450.jpg)
Точно напладне здруженијата „Tврдокорни“ и „Македонија блокира“ го започнаа протестот пред Собранието, во пресрет на закажаната седница за последната фаза од уставните измени.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Протестот, како што велат организаторите, ќе трае до полноќ.
Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.