Поранешен израелски министер шпионирал за Иран – ќе добие 11 години затвор
Израелското Министерство за правда денеска соопшти дека е постигната спогодба со поранешниот министер Гонен Сегев, обвинет дека шпионирал за Иран. Во соопштението се наведува дека тој треба да отслужи 11 години затвор, откако призна дека шпионирал и му предавал информации на непријателот. Спогодбата ќе му биде претставена на судот во февруари, а други детали не се соопштени.
Сегев е обвинет дека на Иран му пружал информации за „енергетскиот пазар и безбедносните места во Израел“.
Тој беше министер за енергетика во владата на премиерот Јицак Рабин на средината на 90-тите години од минатиот век.
Сегев беше уапсен во 2004 година во обид да прокриумчари 32 илјади таблети од дрогата екстази од Холандија во Израел, користејќи го дипломатскиот пасош кој истекол и поради тоа беше уапсен.
Минатата година беше обвинет под сомнение за шпионажа.