Откажани стотици летови во Германија поради штрајк
![Откажани стотици летови во Германија поради штрајк](https://gdb.rferl.org/5A2B6147-4228-46C4-AEA7-B487E896D5D3_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Персоналот задолжен за безбедноста на германските аеродроми денеска стапи во штрајк, поради што е најавено откажување на стотици летови. Германскиот синдикат на безбедносниот персонал ги повика вработените на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Штутгарт да ја прекинат работата на 24 часа.
Во Дизелдорф се откажани 350 летови, 142 во Штутгарт и 131 на аеродромот Келн-Бон.
Германската новинска агенција ДПА јави дека и во Берлин се откажани 90 летови, а во Минхен 100, иако некои од летовите се одложени поради невремето на југот на Германија.
Незадоволството на вработените ја предизвика најавата за зголемување на платите од само два отсто за период од две години.
Синдикатите бараат повисока цена на трудот, која во некои случаи би значела зголемување од 30 отсто.