Серија напади врз владините сили во Авганистан, 32 убиени
Властите во четири провинции во Авганистан соопштија дека во серијата талибански напади врз безбедносни пунктови рано утринава биле убиени 32 припадници на авганистанските безбедносни сили и провладините милиции, а десетици се ранети. Нападите се случиле во провинциите Кундуз, Баглан, Тахар и Бадгис.
Авганистанските власти велат дека биле убиени и десетици талибански борци.