Коцијанчич: Дијалогот Белград-Приштина го води Могерини,
![Коцијанчич: Дијалогот Белград-Приштина го води Могерини,](https://gdb.rferl.org/10D6306F-7E6E-4CB8-A5BD-4C93B0807A5A_w800_h450.jpg)
Дијалогот Белград-Приштина го води Могерини, САД се само партнери, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич. Таа вели дека САД се само партнер со кој „постои блиска соработка за низа прашања, вклучувајќи го и Западниот Балкан“.
Коцијанчич во изјава за приштински „Газета Експрес“ вели дека ЕУ работи на следната средба на највисоко ниво во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, но дека ситуацијата е „замрзната“ по воведувањето на таксите од 100 проценти на стоките од Србија.
Таа уште еднаш потсетува дека Могерини ја повика Приштина да ги укине зголемени такси и додава дека ЕУ очекува Србија и Косово „брзо да се вратат на дијалогот со оглед на неговото значење“.
Таа истакнува дека постигнувањето сеопфатен правен договор за целосно нормализирање на односите во контекст на дијалогот помеѓу Приштина и Белград бара клима која придонесува за „добрососедски односи, каде што претходните договори се почитуваат и спроведуваат и каде што активностите и изјавите се во согласност со целокупните интереси и стратешките цели за регионот“.