Александрова: Испочитувано е барањето за заштита на идентитетот
Пратеничката Емилија Александрова од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција во Собранието изјави дека во преговорите со власта успеале да ги одбранат македонските национални интереси.
„Покрај веќе утврдените амандмани на Уставот кои произлегоа од договорот од Преспа, денеска се постигна сосгласност со која само нормативно се допрезицира начинот на кој ќе биде впишано државјанството за другите етнички заедници во личните документи. При тоа нашето барање државјанството да остане македонско, да е заштити идентитетот е во целост испочитувано. Се што е договорено веќе е во согласност со постојните уставни и законски решенија, односно постоечкиот амандман 5 во Уставот на Република Македонија“, рече таа.
Таа додава дека вистинското место за заштита на националните интереси на РМ денеска се случила токму во Собранието.