Харадинај: Укинување на таксите само со меѓународна гаранција
![Харадинај: Укинување на таксите само со меѓународна гаранција](https://gdb.rferl.org/2CA3F1D4-D9F6-45FF-8BE0-4686C29FDAE6_w800_h450.jpg)
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека косовската влада привремено ќе ја суспендира таксата од 100 отсто, само доколку постои меѓународната гаранција за конечендоговор што ќе резултира со реципрочно признавање.
"Се додека имаме само неплодни сугестии за состаноците за дијалогот, без цел и јасни рокови, без договор и меѓународна гаранција, дека потпишаниот финален договор ќе резултира со признавање, таксата останува на сила", напиша Харадинај на Фејсбук.
Тој додаде дека е длабоко убеден во можноста за постигнување на сеопфатен договор кој ќе биде правно обврзувачки и што ќе доведе до признавање.
На 6 ноември 2018 година, владата на Косово ја воведе такса за производите од Србија и БиХ за 10 отсто да да подоцна ја промени на 100 отсто со друга одлука од 21-ви ноември. Српските власти остануваат на ставот дека нема да го продолжат дијалог за нормализирање на односите се додека овој данок е во сила.