Во Австралија температури до 50 степени
![Во Австралија температури до 50 степени](https://gdb.rferl.org/60F7547D-A052-49B8-BA47-39628349DD1C_w800_h450.jpg)
Австралиските власти ги предупредија граѓаните да не престојуваат на отворено поради рекордно високите температури во некои делови од земјата кои ќе се задржат, а ќе бидат во пораст во следните неколку дена. Во делови од најнаселената сојузна држава Нов Јужен Велс и во делови од Западна Австралија забележани се ноќни рекордни температури од 33 Целзиусови степени, а максималната дневна температура може да достигне и повеќе од 45 степени. Во градот Марбел Бар беа измерени дури 49,3 степени.
Невообичаено високите температури дополнително го исцрпуваат земјоделството што закрепнува од сушната година, а поради невообичаено сувото време и високите температури, зголемен е и ризикот од пожари. Поради екстремно високите температури, на брегот во југиосточниот дел на земјата заглавиле повеќе од милион риби, а експертите сметаат дека состојбата ќе се влоши во наредните денови. Се очекува дека топлотниот бран ќе трае најмалку уште една недела.