Одбележана годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ
Во Северна Митровица денеска беше одбележана првата годишнина од убиството на претседателот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ и еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.
Членови на семејството, соработници и граѓани на Северна Митровица, положија цвеќиња и запалија свеќи на местото каде што беше убиен Ивановиќ. Меѓу присутните беше и министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ.
На 23 ноември минатата година во врска со случајот беа уапсени три лица, од кои двајца припадници на косовската полиција. Судот во Приштина на почетокот на годинава на тројцата, на барање на обвинителство, им го продолжи притворот до крајот на февруари.