САД отфрлија предлог на Русија за сапсување на нуклеарниот договор од 1987
![САД отфрлија предлог на Русија за сапсување на нуклеарниот договор од 1987](https://gdb.rferl.org/CE73376B-DB70-4A3E-88DA-0E953B964A79_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
САД го отфрлија рускиот предлог за спасување на клучниот договор за контрола на оружјето од Студената војна, бидејќи пактот не може правилно да се верификува. Коментарите дадени на 16 јануари од американскиот државен секретар за контрола на оружјето и меѓународна соработка Андреа Томпсон, ја постави сцената за Вашингтон да се повлече следниот месец од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1978 година.
Зборувајќи по состанокот во Женева меѓу претставници на САД и Русија, Томпсон изјави дека Москва одбива да дозволи правилна проверка на новиот руски ракетен систем, кој Вашингтон вели дека го крши билатералниот договор.
Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека бараат да се уништи системот на оружјето, велејќи дека Москва е подготвена да се обиде да го зачува нуклеарниот договор.