Шекеринска: Договорот од Преспа ги намалува ризиците за регионот
Министерството за одбрана ја презема водечката улога во процесот на вклучувањето во европскиот проект за проценка на хибридните закани, по нецели два месеци откако Македонија достави иницијатив за приклучување во проектот, соопшти денекса Министерството.
Министерката Радмила Шекеринска денеска оствари средба со делегација на Европскиот директорат за надворешни активности предводена од директорот за кризаен менаџмент Габор Инклоди.
Таа информирала дека веќе е формирано тело и е именуван национален координатор и негови заменици кои се експерти во областа, а оти во процесот ќе учествуваат 27 институции.
„Владата го финализираше Преспанскиот договор со кој, по исполнувањето на обврските и од двете страни, ќе се овозможи полноправно членство на Македонија во НАТО, со што ќе се зајакне стабилноста и безбедноста на нашата земја и на регионот и ќе се намалат ризиците од таков вид. Веќе за неколку седмици Македонија ќе се стекне со право да присуствува и да изнесува мислење на сите состаноци на Алијансата“, рече Шекеринска.
Гостите од Европскиот директорат потенцирале дека државите од Западен Балкан не се само партнери туку и идни членки на ЕУ и дека цврстите врски со нашата земја се на високо место во агендата на Брисел.