Украинскиот Парламент усвои закон за верските заедници
Украинскиот Парламент усвои закон со кој се уредува постапката за промена на припадноста на верските заедници во земјата. Денешното гласање во Врховната Рада доаѓа во услови на тензии околу создавањето на независната Православна црква на Украина.
Претходно оваа година, црквата официјално доби независност или автокефалност и покрај жестокото противење на Москва. Вкупно 229 украински пратеници гласаа за амандманто за слобода на совеста и религиозните организации, додека 35 гласаа против и двајца беа воздржани.
Според предложената регулатива, верските собранија ќе можат да гласаат за да одберат што ќе проучуваат или на која гранка и припаѓаат. Предлогот ќе стане закон откако ќе биде објавен во Службен весник.