Костовски со „Емоции за еден град“ во галерија „Акантус“
![Костовски со „Емоции за еден град“ во галерија „Акантус“](https://gdb.rferl.org/BB15E1F9-45D3-43CE-A2A2-2595EBCBE2CE_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
„Емоции за еден град“ е насловена изложбата на илустрации на уметникот Горан Костовски Ind.o.g којашто од 18 до 29 јануари ќе се одржи во галеријата „Акантус“ во скопско Дебар Маало. Делата се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје.