Маас побара од Русија да помогне за зачувување на нуклеарниот договор
![Маас побара од Русија да помогне за зачувување на нуклеарниот договор](https://gdb.rferl.org/899F69EB-3D20-4E3D-AF15-9E736A0BCCF5_w800_h450.jpg)
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, ја повика Русија да помогне во спречувањето на новата трка во вооружување со зачувување на Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ)
Говорејќи за време на посетата на Москва, Маас денеска ја повика Москва да уништи еден вид проектили за кои Вашингтон тврди дека го прекршуваат договорот. Претседателот на САД Доналд Трамп минатата година објави дека САД ќе се повлечат од Договорот за нуклеарни сили од 1987 година (ИНФ), поради руските прекршувања. Реагирајќи на забелешките на Маас, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, негираше дека Русија го прекршила договорот на ИНФ. Во изјавите што ги цитираа медиумите во Русија, Лавров изјави дека официјалните претставници на САД ја информирале Москва дека нивната одлука е конечна и не е подложна на преговори. Вашингтон соопшти дека ќе излезе од договорот на почетокот од февруари, ако Москва не ги прекине своите прекршувања. Русија негира дека со ракетот 9M729 го прекршува договорот за ИНФ.