Напад на воена база во Авганистан, најмалку 12 жртви
Во напад на воена база во Авганистан загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 20 биле повредени. Најголем дел од жртвите во нападот кој го извршиле талибанците биле припадници на воениот персонал во базата.
Нападот започнал кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, по што тројца вооружени мажи влегле во објектот и започнале престрелка со авганистанските безбедносни сили. Тројцата напаѓачи биле убиени во престрелката.