Харадинај не одговори дали Косово ќе ги укине таксите кон Србија
![Харадинај не одговори дали Косово ќе ги укине таксите кон Србија](https://gdb.rferl.org/67D48E1D-4618-4EE8-A2B7-FA2AF8055EB3_w800_h450.jpg)
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска не одговори на прашањето кога ќе бидат укинати царините на производите од Србија и БиХ. Тој само порача дека го поздравува состанокот што го закажал претседателот на Косовското собрание Кадри Весељи со амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет на кој и тој ќе присуствува.
„Ја поздравувам средбата на предлог на лидерот на собранието Кадри Весељи. Некогаш и снегот ќе се истопи“, изјави Харадинај по положувањето цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.
Харадинај претходно неколку пати истакна дека и покрај барањето на САД, Косово ќе ги укине таксите кога Србија ќе ја признае неговата земја.