Османи: ДУИ е за консензуален кандидат за претседател
![Османи: ДУИ е за консензуален кандидат за претседател](https://gdb.rferl.org/54CD6CEF-6BF8-48E0-8A2A-07AAE9C7ACBB_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека ставот на ДУИ е оти е време Македонија да има консензуален кандидат за претседател. Според него, тоа би бил кандидат кој ги надминува етничките и партиските линии, кој ќе спојува и ќе биде гласот во кризни моменти.
Османи одговарајќи на новинарски прашања, пред средбата со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу наведе и дека претставниците на ДУИ во текот на претстојните денови со нивните коалициони партнери ќе разговараат во однос на заедничкиот кандидат за претседателските избори.