Меј со три клучни промени во планот за Брегзит
![Меј со три клучни промени во планот за Брегзит](https://gdb.rferl.org/56149DD6-36E8-472A-B5C7-D12BD4718201_w800_h450.jpg)
Британската премиерка Тереза Меј денеска ги отфрли повиците да го одложи излезот на Велика Британија од ЕУ. Таа најави и три клучни промени со цел да биде усвоен нејзиниот план за Брегзит.
Според неа, втор референдум би ја нарушил вербата во демократијата и би и штетел на социјалната кохезија. Британските пратеници на гласањето минатиот вторник не го прифатија планот на Меј. Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава.