Влатко Ѓорчев ќе бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на државата
Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска планира јавно да објави дека сака да се кандидира за претседател на државата на претстојните избори на пролет. Ѓорчев за Радио Слободна Европа потврди дека планира да ја побара поддршката од својата партија на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе се бира нивни кандидат за претседател на државата.
Тој годинава треба да наполни 41 година.