Поранешниот шкотски премиер Салмонд уапсен и обвинет за сексуален напад
Алекс Салмонд, поранешниот шкотски премиер, беше уапсен денеска и обвинет за сексуално вознемирување, пренесоа светските новински агенции.
„Можеме да потврдиме дека е уапсен 64-годишен маж“, одговори портпаролката на полицијата на прашањето за апсењето на Алекс Салмонд, кој до 2014 година ја предводеше Шкотската национална партија (СНП). Поранешниот националистички водач, кој ја доведе Шкотска на прагот на независноста во 2014 година, е обвинет за настаните од 2013 година за време на неговиот мандат на претседател на покраинската влада (2007-2014).
Според шкотските медиуми, тој е пријавен за сексуален напад што се одвивал во службената резиденција на шкотскиот премиер. Шкотската полициската истрага започна пред две години, откако тој беше обвинет за сексуална злоупотреба на две жени кои работеле за шкотската влада, пишува Гардијан.