Кривична пријава за кумановец кој преку Фејсбук повикувал на насилство над пратеници
![Кривична пријава за кумановец кој преку Фејсбук повикувал на насилство над пратеници](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, на негов профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил текст со заканувачка содржина со кој повикувал на насилство кон пратеници.