Нимиц: Договорт означува почеток на ера за консолидација на мирот на Балканот
Претставникот на ОН, кој посредуваше во спорот за името, Метју Нимиц ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
"Би сакал да го поздравам визионерскиот чекор на Парламентот и Владата на Грција. Овој историски договор меѓу двете соседни земји ја отвора вратата и им овозможува нови односи на земјите, и истовремено означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот" посочи Нимиц.
Тој дополни дека со нетрпение го очекува заокружувањето на процесот во согласност со Договорот и ја повтори континуираната посветеност на ОН да продолжи да работи со двете страни.