Заев: Договорот од Преспа го отвора патот за подобра иднина
Со Договорот од Преспа и неговото спроведување се отвори патот за подобра иднина на македонските граѓани, за бркање на сеништата од минатото и за Балкан од кој извираат можности и политичка стабилност, кој ќе биде место со поврзани соседи, зона на економски процут и модел за интеграција. Со Договорот, се стави крај на една епизода од незавршениот мир на Балканот, порача денеска македонскиот премиер Зорав Заев.
Со прифаќањето и спроведувањето на одредбите од Договорот од Преспа, рече тој, победници се граѓаните на двете земји, но и од целиот наш регион. Победници се, додаде, и оние кои се противеа договорот, бидејќи и за нив доаѓа време на просперитет, мир и пријателство.
Премиерот Заев му честита на неговиот колега Алексис Ципрас, за како што рече, победничкото гласање во Парламентот за Преспанскиот договор, како и на членовите на парламентите и на двете земји, кои избрале да го дадат совој глас со кој победува иднината и со кој се стави крај на стравот кој се прикажувал како несовладлив. По ова, додаде, на земјата и останува да работи на унапредување на економијата и обезбедување подобар живот за сите граѓани.