Сирија ја обвини Турција за кршење на протоколот меѓу двете земји
Сириската влада го осуди военото присуство на Турција во северна Сирија, нарекувајќи го кршење на протоколот од 1998 година меѓу двете земји. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган инсистира на тоа дека Протоколот од Адана му дава право на неговата земја да интервенира воено во соседната земја.Турција и нејзините сириски бунтовнички застапници контролираат дел од северна Сирија, но Анкара постојано се заканува со уште една воена операција против курдските борци на нејзината јужна граница. Министерството за надворешни работи на Сирија денеска ја обвини Анкара за постојано кршење на договорот Адана низ осумгодишната војна во Сирија. Анонимен извор од ресорното министерствоја обвини Турција за "поддршка на терористите”.