Помпео најави повлекување на американските војници од Авганистан
![Помпео најави повлекување на американските војници од Авганистан](https://gdb.rferl.org/F17D3472-1729-4F46-A22C-BD6104287B48_w800_h450.jpg)
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео соопшти дека Соединетите Држави сериозно размислуваат на можноста за постигнување мир во Авганистан и повлекување на војниците од таа земја. Тој ова го напиша на својот твитер-профил и додаде дека САД се обидуваат да го зајакнат суверенитетот и независноста на Авганистан.
„САД се сериозно посветени на постигнување мир, спречување на ситуација во која Авганистан повторно би станал место на меѓународен тероризам и враќање на вооружените сили во своите домови“, напиша Помпео на својот твитер профил.