Русија со критика за САД поради превратот во Венецуела
![Русија со критика за САД поради превратот во Венецуела](https://gdb.rferl.org/C76D8E5D-3062-4967-BCC2-AC95CA699BBC_w800_h450.jpg)
Руските власти ги критикуваат САД поради превратот во Венецуела при што ја повторија нивната поддршка за оспорениот претседател Николас Мадуро. Москва остро ги критикуваа санкциите кои Вашингтон ги наметна за венецуелската државна нафтена компанија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го обвини Вашингтон дека „ јавно поставува курс за нелегално менување на режимот“ со признавањето на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо за преоден претседател.
„ Заедно со другите одговорни членови на светската заедница, ние ќе сториме се за да ја поддржиме правната влада на претседателот Мадуро“ изјави денеска Лавров.
Тој не откри какви чекори ќе преземе Москва во поддршката на владата на Мадуро.