Повредени полицајци при вчерашниот инцидент во Шуто Оризари
Тројца полицајци се повредени при вчерашниот инцидент во скопската населба Шуто Оризари. Според полицискиот билтен вчера попладне малолетничка тврдела дека видела како непознати луѓе насилно внеле женско лице во комбе, по што вечерта се собрале група револтирани граѓани кои нападнале возило кое било управувано од полицајци кои не биле во тоа време на должност.
При инцидентот се повредени двајцата полициски службеници кои биле во автомобилот и еден кој бил службено повикан да интервенира во смирување. Денеска е пуштен на домашно лекување еден од повредените, додека еден од повредените е со посериозни повреди на главата.
По синоќешниот инцидент на распит во полиција се повикани повеќе лица. Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот и додаваат дека во текот на овие два дена нема пријава за исчезнато или грабнато лица на подрачјето на Скопје.