ЕУ бара посилна борба против лажните вести
Европската унија ги повика големите социјални мрежи да ја интезивираат борбата против дезинформациите во пресрет на европските парламентарни избори оваа пролет. Европската комисија денеска го објави овој повик како дел од извештајот за тоа како се справиле минатата година социјалните мрежи во борба со лажните вести он лајн. Во него е наведено дека постои загриженост дека трета страна како на пример Русија би можеле да влијаат на престојните анкети, со цел да ги зајакнат популистичките, евроскептични партии.
„Ние треба да одиме понатаму и тоа побрзо, пред мај кога ќе се бира новиот состав на Европскиот парламент, изјави комесарот на ЕУ одговорен за безбедносни прашања Џулијан Кинг.
Во септември Фејсбук, Гугл, Мозила и Твитер го потпишаа европскиот кодекс за борба против лажните вести он лајн. Кодексот ги обврзува компаниите го означуваат политичкото рекламирање, да ги затвораат лажните профилии да им има помагаат на луѓето да носат одлуки базирани на точни информации.Фејсбук најави дека кон крајот на март ќе објави нови алатки кои ќе помогнат во превенирање на странско влијание за изборите во ЕУ и ќе го направат политичкото рекламирање на Фејсбук потранспарентно.