ММФ очекува раст на македонската економија од 2,8 проценти
Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за Македонија за минатата година ја оценува поставеноста на монетарната политика како соодветна, а банкарскиот сектор стабилен, се наведува во соопштението од НБРМ. Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст годинава да забрза на 2,8 проценти, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4 отсто на среден рок.
Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи во земјава. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ и во НАТО.