Осум жртви во напад на полициска станица во Пакистан
![Осум жртви во напад на полициска станица во Пакистан](https://gdb.rferl.org/FA349481-A58A-4050-A24C-648FDDD199F9_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Најмалку 8 луѓе загинале во напад на полициска станица во покраината Балочистан во Пакистан додека се одвивала регрутација на полицајци. За време на инцидентот биле присутни околу 900 кандидати за работно место во безбедносните служби, при што било повредено и 21 лице.
Нападот го извршиле тројца милитанти кои носеле елеци со експлозивни направи и биле вооружени со автоматско оружје. Двајца од нив го активирале експлозивот, а третиот бил убиен од страна на безбедносните служби.