Нови шест случаи на морбили, меѓу кои и бебе од месец ипол
![Нови шест случаи на морбили, меѓу кои и бебе од месец ипол](https://gdb.rferl.org/CC8528E1-0247-4641-BB0B-9C4DDDAB44E2_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство информираше денеска дека шест нови случаи со мали сипаници се регистрирани во Скопје и околината, а меѓу заболените е и бебе од Чаир од месец ипол, кое е на домашно лекување.
Според министерството, три деца се на болничко лекување, од кои едното е двегодишно дете од село Моране, другото е двегодишно од Ѓорче Петров, кое не посетува детска градинка, а третото е дете на возраст од 3,5 години, кое исто така не посетувало градинка. Oд почетокот на епидемијата, досега, регистрирани се 117 случаи со морбили.