Формирана комисијата која ќе врши селекција на новите антикорупционери
![Формирана комисијата која ќе врши селекција на новите антикорупционери](https://gdb.rferl.org/29ACDAAA-1CF7-43EA-9B82-0BADECA84884_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги избра членовите на комисијата кои ќе треба да извршат селекција на пријавените кандидати за Државната комисија за спречување на корупција.
Четворица се од редовите на пратениците, односно по двајца од власта и опозицијата, односно Мухамед Зекири од СДСМ, Атран Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите тројца членови се Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженија.
Според претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски до сега стигнале околу 60 апликации за членови на атикорупциската комисија.