Палестинскиот премиер поднесе оставка
![Палестинскиот премиер поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/5348ABA5-D7FD-4FD7-A991-CC3C497CCB93_cx2_cy28_cw43_w800_h450.jpg)
Палестинскиот премиер Рам Ал Хамдалах поднел оставка од функцијата што може да има негативно влијание врз напорите за помирување со исламистичката група Хамас, која владее со Појасот Газа. Хамдалах за оставката го известил претседателот Махмуд Абас.
Абас соопшти дека ја прифатил оставката и дека владата ќе продолжи да ги извршува своите должности додека не биде биде формирана новата влада. Хамдалах, кој беше малку познат академик ја предводеше владата од 2014 година.