ОЈО отвори предмет за вакцините со погрешни декларации
![ОЈО отвори предмет за вакцините со погрешни декларации](https://gdb.rferl.org/244B7734-BD77-4D12-87D6-9B417E54F633_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Основното јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
„Со таа цел надлежен јавен обвинител веќе издаде наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи со која побара да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, како увозник и дистрибутер на вакцината МРП“, се наведува во соопштението на ОЈО.
Проверки, како што наведуваат од обвинителството, ќе се извршат и во Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД во поглед на извршените контроли на увезените вакцини и евентуално констатираните
неправилности.